Актуелно 27.08.2018 10:05

Утринскиот дожд предизвика поплава во Драчево, граѓаните бараат реакција од градоначалникот Темелковски (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Утринскиот дожд предизвика поплава во Драчево, граѓаните бараат реакција од градоначалникот Темелковски (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Дождот кој утринава врнеше во Скопје направи големи проблеми во населбата Драчево, каде според фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види една улица која е целосно поплавена.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали треба да пливаат за да пристигнат на работа и да ја започнат работната недела.

Во објавите тие бараат реакција од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, порачувајќи му дека не е прв пат да биде ваква состојбата на оваа улица, а решавање на проблемот од страна на општината се уште нема.

-Филип, доколку не дојдеш денеска да видиш што ти се случува во општината, ќе дојдам јас во твојата барака, пишува во една од објавите на Фејсбук.