Економија 21.05.2018 10:16

Увозот и извозот на земјоделски производи во ЕУ

Увозот и извозот на земјоделски производи во ЕУ

Во 2017 година вкупната вредност на увозот и извозот на земјоделски производи помеѓу земјите од ЕУ и остатокот од светот изнесуваше 201 милијарди евра, објави Eurostat.
Поголемиот дел од извозот, вкупно 56% биле прехранбени производи, зеленчук 22% и производи од животинско потекло 22%. Зеленчук изнесувал 48% од увозот на ЕУ во земјоделски производи, прехранбени производи 32% и производи од животинско потекло 20%.

Најмногу се извезувало во САД, 16% од вкупниот извоз на ЕУ во земјоделски производи, во Кина се извеле 8%, а во Швајцарија 6% од производите. За увозот на ЕУ од земјоделски производи, Бразил и САД(8% од вкупниот увоз на земјоделски производи од ЕУ) беа најголемите партнери, по што следат Норвешка и Кина со по 5%.

Од европскиот статистички завод појаснуваат дека при статистиките земјоделските производи ги делат во три категории на производи: зеленчук (дрвја, растенија, зеленчук, овошје, кафе, житарици, семе и масло), прехранбени производи (разни видови преработени производи кои произлегуваат од растителни и животински производи како шеќер, пијалаци, тутун и подготвени животински сточна храна) и производи од животинско потекло (живи животни, месо, риби, ракови, млечни производи, јајца, мед итн.).