Шефот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Ји, во Сингапур ја оцени доволно оправдана и неопходна кинеската закана да наметне нови царини на стоката од САД.
Се работи за американски производи вредни 60 милијарди американски долари.
Кинеските власти за време на викендот изјавија дека се подготвени за такви мерки како одговор на неодамнешната закана на Белата куќа да ги подигне тарифите од 10 на 25 отсто за кинеска стока во вредност од 200 милијарди долари. Американските мерки треба да стапат во сила од септември.
Кина, исто така, објави список на американски производи кои ќе бидат оданочени, вклучувајќи кафе, мед и индустриски хемикалии.
Ванг на форумот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), рече дека Кина ја има донесено оваа одлука со цел „да ги заштити интересите” на својот народ, додавајќи дека има за цел зајакнување на „глобалниот систем на слободна трговија”, кој е поддржан од страна на Светската трговска организација.