Македонските граѓани на 30 септември јасно кажаа дека не го прифаќаат договорот со Грција, и од таму ВМРО-ДПМНЕ не може да оди против волјата на македонските граѓани, рече Иванка Василевска, универзитет ски професор и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното вчерашно гостување во дебатната емисија “200“ на телевизија Алсат, при што додаде дека овој договор за најголемата опозициска партија е мртов, празно слово на хартија, противуставен, против законски, навредлив за македонските граѓани, навредлив за интелигенцијата на македонската генерација која што доаѓа по нас.
-Овој договор даде правец во која насока треба да се движиме кога ќе дојдеме на власт и како би направиле квалитетен билатерален договор со нашиот сосед во рамките на Обединетите нации а при тоа да го зачуваме тоа што е декларирано на првиот референдум за независнот на суверена и самостојна Македонија. Тоа е Република Македонија, зачувување на унитарниот карактер, зачувување на сувереното право на македонскит народ како сите останати народи во светот да имаат своја национална држава, која ќе биде инклузивна за сите граѓани на неа но со респектирање на македонскиот префикс, рече Иванка Василевска, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Василевска потенцираше дека од страна на граѓаните на 30 септември добивме громогласно НЕ за договор кој е потпишан со јужниот сосед, и дека ако убаво забележавме референдумскиот деен го поздравија само извршителите но не и претставниците на големите сили.
-На 30 септември добивме громогласно НЕ. Ако забележавте, 30 септември го поздравија само извршителите но не и претставниците на големите сили. И тоа е јасен знак дека Зоран Заев ги излажал во некои ветувања, изјави Иванка Василевска.
Опишувајќи го карактерот на претседателот на Владата, Зоран Заев, таа додаде дека државата ја води човек со коцкарски карактер и дека игра, со целата држава и со сите македонски граѓани, на начин како што правел криминал.
-Овде ние имаме работа со еден коцкарски карактер, кој сите зарови ги фрла на масата и ветува, игра како што продавал пиперки во Струмица, како што земал земја, како што правел криминали, како што растел во својот животен пат на начин и менталитетот со кој што дошол до таму кај што дошол, на исти начин тој сега тоа го прави целата држава и со сите македонски граѓани, потенцираше Василевска.