Актуелно 29.11.2024 12:08

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода

Ве известуваме дека денеска 29.11.2024 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода, информираат од прес службата на Владата на Републикаа Македонија.

Реконструкцијата чина околу 90.000.000 денари финансирано преку Министерството за спорт.

Предвидено е со реконструкцијата спортската сала „Расадник” да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, одбојка како и деловен простор кој ќе се издава се со цел спортската сала да биде рентабилна.

Општина Кисела Вода ја презема спортската сала од владиното ЈП за стопанисување со спортски објекти без долгови.

По 30 години негрижа конечно започнува реконструкцијата на салата „Расадник”, со што повторно ќе го добие својот сјај.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, стои во соопштението на Владата.