Актуелно 03.07.2018 10:25

Ветуваа дека Југохром ќе биде рестартиран на пролет оваа година -ништо од ветувањата

Ветуваа дека Југохром ќе биде рестартиран на пролет оваа година -ништо од ветувањата

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на денешната собраниската седница посветена на пратенички прашања, рече дека Југохром ќе проработи откако и само кога ќе се постави филтер.

Лани исти вакви веувања беа давани од страна на вице премиерот Кочо Анѓушев и премиерот Зоран Заев дека Југохром ќе биде рестартиран. Фабриката за феролегури „Југохром“ во Јегуновце, која беше затворена поради неизградба на филтер станица, според сите најави, требаше повторно да почне да работи на пролет оваа година но ова ветување не се исполни.

Лидерот на СДСМ и сегашниот премиер Зоран Заев на 5 октомври 2017 година на митинг во Тетово рече дека „Југохром“ повторно ќе работи со цел капацитет и по еколошки стандарди, Владата најави потпишување договор со сопственикот и со синдикатот на фабриката. Најавено беше дека Комбинатот би можел да почне да работи во март или април но ништо од ова не се случи.

Здружението „Еко-герила“ тогаш оцени дека изјавата на премиерот Зоран Заев, дека „Југохром“ ќе започне со работа со полн капацитет со поставување филтри во месец март, е предизборна пропаганда.

На собраниската седница денеска вице премиерот Кочо Анѓушев рече дека сега како што стојат работите фабриката ќе се рестартира до крајот на годината а не како што беше ветено оваа пролет.
Инаку оваа фабрика вработува 700 луѓе кои ја остваруваат основната егзистенција од работењето на комбинатот.