СДСМ и Зоран Заев донесоа само црнила и темнина за граѓаните на Република Македонија. Ги разбираме СДСМ и Заев дека се во паника и очај бидејќи се прочитана книга од граѓаните и полека но сигурно им се ближи крајот. Ветувањата дадени од СДСМ се едно големо НИШТО, се што ветија излажаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ и Заев единствено водат грижа за нивните бизнис интереси, криминални тендери во четири очи и луксузирање на сметка на граѓаните. СДСМ се плаши од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ се плаши од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи знае дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која ги штити интересите на државата и работи за доброто на граѓаните, стои во реакцијата и се додава:
„Граѓаните не должни да живеат во црнила и темнини. Зората ќе ги победи црнилата. Зората ќе донесе успех. Зората ќе изгрее за граѓаните на Македонија“