Економија 27.04.2018 10:32

Ветувањето за 500 евра просечна плата е лага, економијата е на дното

Ветувањето за 500 евра просечна плата е лага, економијата е на дното

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизијата 21 изјави дека ветувањето на СДСМ во предизборието за 500 евра просечна плата е лага.

  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизијата 21 изјави дека ветувањето на СДСМ во предизборието за 500 евра просечна плата е лага.

-Знаете ли колку е планиран порастот на платата според макроекономските индикатори на Министерството за финансии за 2018 година? На ниво од околу 24.900 денари. За до 30.000 денари знаете колку платата треба да расте во ’19 и ’20? По најмалку 25 отсто, рече Мицкоски.
Според Евростат, вели Мицкоски, во периодот од 2006. до 2016. година кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ Македонија беше во првите пет земји во Европа по растот на Бруто домашниот производ.
-Сега сме на дно. Не претпоследни, не трети од позади. На дно, појаснува Мицкоски.
Вели дека во ноември минатата година, министерот за финансии, Драган Тевдосвски рекол оти економијата ќе порасне за 1,6 отсто. Појаснува дека во неколку наврати бил во право, кога рекол дека економскиот раст, ќе биде 0 проценти.