Актуелно 08.05.2018 14:40

Вице Заев потпишан на договорот за земјиштето кое го продал Зоран Заев, бизнисот со парцелите е околу 2 милијарди денари

Вице Заев потпишан на договорот за земјиштето кое го продал Зоран Заев, бизнисот со парцелите е околу 2 милијарди денари

Правниот лавиринт создаден од Зоран Заев покажува како државно земјиште под владение на општината завршува во рацете на братот на премиерот Зоран Заев.

На акуцијата за земјиштето што ја прави Зоран Заев се јавува бизнис партнерот на Заеви, Сашко Брндевски кој го купува земјиштето на аукција каде има единствена и најниска понуда. Тој уплаќа цели 700 илјади евра како физичко лице на сметка на општината и се стекнува со 8 парцели каде општината дозволува да се градат 8 нови седумкатници. Тој прави договор со фирмата на Вице Заев кој се потпишува во име на компанијата Тотал Инжинеринг, а Зоран Заев како градоначалник дава одобрение за градба.

Продажната вредност на парцелите е околу 2 милијарди денари, а Сашко Брндевски на Вице Заев му го отстапува земјиштето од една од парцелите за стан од 40 м 2. Тоа дава  сериозен основ на сомнеж  дека Брндевски е само параванот зад кој се кријат Заеви.

Договор за градење

Одобрение за градба потпишано од Заев
Парцели купени од Брндевски