Актуелно 08.08.2018 16:28

ВИДЕО: Дали апсењето на Јакимовски е реваншизам за скандалот кој тој го обелодени за Заев?

ВИДЕО: Дали апсењето на Јакимовски е реваншизам за скандалот кој тој го обелодени за Заев?

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски пред две години обелодени како што тој го нарече, мега скандал со актуелниот премиер Зоран Заев, и тврдеше дека Зоран Заев како претседател на СДСМ му побарал на Јакимовски мито од 250 илјади евра. Јакимовски уште тогаш истакна дека има доказ, ливче на кое писмено Заев ги напишал своите барање, иако лидерот на ГРОМ тогаш во јавноста го обелодени скандалот, неговиот глас не допре до Основното Јавно Обвинителство.

Според Јакимовски 50 илјади евра Заев му побарал за изградба на црквата во Струмица, исто толку пари му побарал за развој на спортот и културата во оваа општина, додека 100 илјади евра Заев му побарал за граѓаните во општината од ромска националност.

Јакимовски во изјава за телевизија Канал 5 тогаш рече:

-Се закануваат луѓе кои што се вмешани во криминал до гуша. Целиот врв на СДСМ. Уште еднаш повторувам дека Заев е човек кој што е близок до криминалот и дека тој е упрљан и тоа многу. Затоа што мене лично за фирма која што требаше да управува со цврстиот отпад во струмичкиот регион ми испостави ливче на кое што пишува дека 50 илјади евра треба да се дадат за спортот во Струмица, 50 илјади евра да се даде за црквата што се гради во Струмица, 50 илјади за културата и 100 илјади евра како тој што вели ,,ромите го јаделе секое сабајле му барале пари пред врата“, него лично да му се дадат за да може тој да ги исплаќа тие сметки, изјави Јакимовски на 11 март 2016 година.