Актуелно 08.09.2018 18:41

ВИДЕО: Еве како ВМРО-ДПМНЕ ја организираше прославата за 20 години од независноста, 100.000 граѓани на плоштадот Македонија и неповторливата „Земјо мила“

ВИДЕО: Еве како ВМРО-ДПМНЕ ја организираше прославата за 20 години од независноста, 100.000 граѓани на плоштадот Македонија и неповторливата „Земјо мила“

На 08.09.2011 во Скопје, десетици илјади македонски граѓани се сплотија да прослават две децении македонска независност. Се вееја македонски знамиња, се пееја македонски забавни и народни песни, се испраќаа моќни пораки.

Плоштадот Македонија беше претесен да си собере сите граѓани кои дојдоа да ја прослават независноста на својата татковина, чие мото таа година беше „20 години државност – 20 години независна Македонија – заедно под едно сонце”.

Програмата ги претстави уметничките и интелектуалните потенцијали и државотворните елементи на нашата земја. Во уметничкиот дел учество земаа националните институции,  МОБ, Македонската Филхармонија, 50 актери од театрите во државата, Ансамблот Танец, хорот св.Злата Мегленска, детскиот хор Златно Славејче, околу 1000 деца од балетски студија, 150 членови на културно уметнички друштва од сите етнички заедници, 500 статисти, Единиците од сите ешалони на Армијата и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, гардата и воениот оркестар.

На свечената прослава учество земаа над 300 уметници од Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Ансамблот „Танец”, Детскиот хор на „Златно славејче” .

Прославата беше заокружена со голем музички хепенинг на кој настапија околу 90 македонски имиња од забавната и народната музичка сцена.

Додека беа во опозиција, СДСМ ги одбегнуваа сите прослави кои ја величеа самостојноста и државноста на Република Македонија. Тогаш од позиција на дежурни критичари, ја обвинуваа владата на Никола Груевски дека троши народни пари за приватни журки, иако се работеше за општонародни прослави кои ја славеа државата.

Најнови вести