Мозаик 26.08.2020 15:46

Виното Sun Goddess Rose на Mary J Blige пристигна и во Македонија

Виното Sun Goddess Rose на Mary J Blige пристигна и во Македонија

„Светски познатата ѕвезда, кралицата на RnB и Soul музиката Mary J Blige заедно со реномираната италијанска винарија Fantinel создадоа Розе вино со премиум квалитет по нејзин вкус и стил.“

Светската промоција на Sun Goddess се одржи пред еден месец во Њујорк и оттогаш наваму виното секојдневно станува дел од винските карти на баровите и рестораните во Америка и Европа и покрај отежнатите услови за работа поради пандемијата.

Пејачка, текстописец, продуцент и актерка, добитник на девет Греми музички награди, неколку номинации за Оскар и со продадени над 50 милиони албуми, Mary J Blige е дефинитивно една од најуспешните и најпопуларните артисти денес во светот.

Sun Goddess е вино направено со многу љубов и страст во партнерство и блиска соработка со реномираната семејна винарија Fantinel од регионот Фриули, Италија која што пак е присутна на македонскиот вински пазар веќе 15 години со своите редовни и препознатливи етикети.

„Во Фантинел, за Мary J Blige направивме розе вино од сортата пино гриџо од наши сопствени лозја со краток контакт на покожицата од грозјето со сокот по што се добива елегантна светло розева боја со бакарни нијанси, пријатна свежина, мистична минералност и ароми на праски, диња и пасирани малини, стил на розе вино кое што одлично одговара со нејзината креативна енергија и динамичност но и со талентот на Мary J Blige за уметност“ – кажа Марко Фантинел , сопственик на винаријата од Фриули, Италија на официјалната промоција.

„Работевме три години на дефинирање на вкусот и стилот на Sun Goddess. Љубител сум на свежи, бели, минерални вина посебно на сортата пино гриџо а регионот Фриули е еден од најдобрите места во светот за вакви вина. Кога бев мала, многу сакав да седам надвор и да уживам во сонцето, ме инспирираше неговата топлина и моќ, па мајка ми и сестра ми почнаа да ме викаат Sun Goddess (Сончева божица), оттаму и инспирацијата за името на ова прекрасно вино“- изјави Mary во неодамнешното интервју дадено за Vogue America.

Ексклузивен дистрибутер на Sun Goddess во Македонија е фирмата Гемак Трејд.

Најнови вести