Владата имаше доблест да ја признае тврдоглавата политика и да го врати рамниот данок. Затоа ја поздравувам одлуката на министерката за финании оти државата мора да ги слуша тие што го полнат,а не тие што го празнат Буџетот вели за Економски Лидер економистот Зоран Витанов.
Премиерот Заев се што кажа порече и затоа тој треба да ја сноси одговорноста од лошите економски политики. Го донесе прогресивниот данок, без ниту еден аргумент, па даночната евазија се зголеми, а многу млади луѓе отворија сметки во странство, вели Витанов.