Економијата тоне граѓаните се се посиромашни и без перспектива. Имено, откако Владата се жалеше дека нема испорачано економски резултати заради политичката криза стигнаа и податоците од Државниот завод за статистика за првиот квартал за БДП во 2018 кои се катастрофални односно изнесуваат 0,1%. Изговорите на Владата и економскиот тим не престануваат но како што предупредуваат експертите ваквото неработење на оваа гарнитура мораше да излезе на виделина а тоа го покажуваат и сите релевантни индикатори.
Така, градежништвото , земјоделието кожарската и текстилната индустрија , металургијата и сите други сектори доживуваат огромна криза. На пример според Државниот завод за статистика само во првите 3 месеци имало пад на градежништвото од 37 %. Градежништвото тоне од ден во ден, а секторот продолжува со трендот на опаѓање. По согледувањето на резултатите од работењето на градежните компании констатирале дека за разлика од претходните години, лани градежништвото опаднало за 13,7% главно поради запирањето на крупните инфраструктурни проекти финансирани од државата, но и забавувањето на инвестициската активност на приватниот сектор.
Понатаму, земјоделието исто така е пред криза и голем број на земјоделци мака мачат за да ги задржат своите земјишта затоа што секој ден оваа гранка станува неисплатлива токму поради незаинтересираноста на државата. Повеќе од една година како оваа гарнитура е на власт, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа констатираат експертите.
Раноградинарските култури имаат историски најниски откупни цени. Во моментов доматите се откупува по 5 до 7 денари за килограм. Пласманот е слаб, а земјоделците едвај сами се снаоѓаат да го продадат произведеното по мизерни цени. Ова е вистинска катастрофа, ова е недозволиво. Владата го занемари земјоделието и ги остави земјоделците да се борат за својата егзистенција велат експртите . Владата ветуваше сигурен пласман и повисоки откупни цени на земјоделските култури. Сега не само што нема загарантиран пласман, туку и тој што го имаше го нема, сега не само што цените се пониски, туку се пониски од било кога се жалат земјоделците.
Металургијата и рударството исто така се пред предизвикувачки период и тешки времиња посебно поради трговската војна помеѓу САД и Европа. Во кожарската и текстилната индустрија пак стопанствениците кубурат со стара технологија додека работниците не земаат задоволителни плати. Со воведувањето на лошиот закон за минимална плата и лошите реформски закони владата предизвика криза во кожарската и текстилната индустрија каде технологијата е застарена и оваа индустрија дише на помошни апарати.
Исто така според најновиот извештај за извршување на буџетот за месец мај резултатите за капиталните трошоци се катастрофално лоши и ниски што значи дека капитални инвестиции и проекти нема додека почнатите се сопрени. Економистите велат дека со ваква лоша реализација на капиталните проекти тешко дека ќе се исполни и намалениот раст од 2,3 % раст на БДП за 2018 година кој што првично беше проектиран на 3,2 но светските реномирани институции како Светска банка го намалија заради неспособноста на оваа влада да испорача конкретни резултати.
Ветувањата за подобар живот не се исполнија од кога владата е на владејачкото столче додека сега се пласира нова приказна дека со тргување на националните интереси Македонија ќе доживее економски препород.
Експертите велат дека Владата треба да се посвети на проблемите на граѓаните и да смисли иновативни начини за оправување на економијата која веќе 5 квартали е во стагнација. Инаку, Македонија во минатото и во моменти на економска криза имаше подобри економски резултати споредено со сегашната состојба каде целокупниот регион расте и се развива додека македониста економија стагнира и ги доживува најлошите свои моменти.