Економија 05.06.2018 14:39

Владата денеска ја задолжи државата и граѓаните за 22,2 милиони евра – Континуирани задолжувања стратешките проекти отсуствуваат

Владата денеска ја задолжи државата и граѓаните за 22,2 милиони евра – Континуирани задолжувања стратешките проекти отсуствуваат

Денеска се одржа закажаната аукција на државни хартии од вредност. Резултатите од аукцијата на државни хартии од вредност ги објави Народната банка на Република Македонија. Имено , денеска владата ја задолжи државата за нови 22,2 милиони евра или за 1.367.650.000 денари.

Македонија тоне во долгови и државата константно се задолжува. Секој месец се закажани по две задолжувања. Владата е задолжена нето преку 300 милиони евра додека вкупните задолжувања од кога оваа власт е дојдена на владејачкото столче минува преку 1,6 милијарди евра.

Експертите коментираат дека ваквото задолжување не ја води државата во добар правец. Голем дел на економисти велат дека при вака енормни задолжувања а притоа проследено со отсуство  на капитални инвестиции е алармантно. Овие задолжувања и овие пари се земаат со огромни камати и само нивно вложување во стратешки проекти е оправдано бидејќи идните генерации ќе треба да ги враќаат. Градежништвото е во пад што е загрижувачки за целокупната економија бидејќи градежништвото е носечка гранка во градењето на БДП на државата.

Понатаму, според официјалните информации за прв пат во историјата државата, јавниот долг се зголеми за над 5 милијарди евра и ја проби психолошката граница од над 50%.. Дополнително според фискалната стратегија на оваа власт до крајот на мандатот ќе го зголемат долгот на над 6 милијарди евра.

Инаку, само во мај владата се задолжи за 25 милиони евра. Граѓаните се гневни бидејќи  сметаат дека оваа влада не ги исполнила очекувањата и дека константно се задолжува додека парите никој не знае каде одат.