Финансии 11.09.2023 09:35

Владата ќе пушти нова граѓанска обврзница, банките не стравуваат од конкуренција

Владата ќе пушти нова граѓанска обврзница, банките не стравуваат од конкуренција

Нова емисија граѓански обврзници ќе има овој или најдоцна наредниот месец. Се прават последните подготовки до крајот на годината да биде издадена и зелената обврзница, вели министерот за финансии Бесими. Интересот кај граѓаните за овие хартии од вредност е голем, затоа што каматите се повисоки од оние кои ги добиваат од банките, смета Бесими. За една година граѓаните ќе добијат 5% камата за граѓанските обврзници, а ако ги чуваат во банка стапките се движат од 1,3 до 2,3%, зависно од политиката на банката.

Нема значително повлекувањ депозити, велат од банките. Државните хартии не ги сметаат за конкуренција. Напротив банките се преликвидни, што не знаат каде го пласираат вишокот пари. Затоа и го промовираат и поддржуваат ваквото вложување на вишокот пари.

Ние активно го промовираме тоа во Словенија. Во моментов во Словенија во банките имаме 26,4 милијардаи евра. Тоа се непродуктивно вложени пари. Државата може да издаде обврзници кои граѓаните ќе ги купуваат. Банките сме преликвидни. И ние сакаме граѓаните на некој начин да се едуцираат дека е можно да добијат принос кој е дури повисок од оној во банките.

Зошто да немаат доверба во сопствената држава? Ние сакаме на тој начин да се насочат парите од граѓаните. На тој начин тие ја градат сопствената држава, сопственото општество итд, изјави Блаж Бродњак, престедател на Управен Одбор на НЛБ групација.

Кон средината на јули државата прв пат издаде граѓански обврзници. Поради големиот интерес наместо 10 милиони, собраа 24 милиони евра.

Најавите беа дека во септември ќе издаде уште една граѓанска, но и зелена обврзница, а парите би се инвестирале во развојни проекти и помош во енергетиката.

Според очекувањата, со издавањето обврзици годишно во буџетот ќе се соберат околу 50 милиони евра .