Актуелно 27.06.2018 15:31

Владата не превзема ништо за подобрување на условите во стопанството- Паѓа продуктивноста

Владата не превзема ништо за подобрување на условите во стопанството- Паѓа продуктивноста
red arrow pointing downwards showing crisis

Македонија во последниот период од една година бележи негативни резултати во сите сфери на економијата па така забележан е и пад на продуктивноста во период кога сите други земји доживуваат раст.

Поразителни се податоците кои ги објави Народната банка на Република Македонија за месец мај во делот на продуктивноста. Така Македонија имала пад на продуктивноста на трудот за 2,1 %. Според овие податоци Македонија е на дното на Европа по продуктивноста на трудот. Имено, сите соседни земји забележале значителен раст во овој дел додека Македонија постојано оди надолу.
Инаку, продуктивноста се пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени


Така , продуктивноста на трудот се намалила за дури 2.1% за една година. Ова го покажуваат последните податоци на Народната Банка (НБРМ). Ваквиот тренд бил забележителен преку целата година а е резултат пред се на услужниот сектор и на индустријата.
„Неповолните остварувања се присутни од почетокот на 2017 година, по подолг период на одржување на овој показател во зоната на позитивни годишни промени“, наведува НБРМ во кварталниот извештај.

Според релевантните податоци на Еуростат Македонија е меѓу најнепродуктивните земји. Нашата земја се наоѓа на дното на регионот и Европа кога станува збор за продуктивноста на работниците. Само соседна Бугарија е скоро исто рангирана според нас додека сите други земји се рангирани значително подобро.

Податоците на Еуростат кажуваат дека еден работник за еден час во земјава создава само 42.9% додадена вредност од просекот што го прават неговите колеги на ниво на Европската Унија.
Доколку се направи компарација напродуктивни се работниците во Луксембург со 163.2% од просекот, па Норвешка 152.5% и Швајцарија со 122.5%. Во податоците ги нема Србија, Босна, Албанија и Косово додека Романија има 56.3%, Хрватска 73.1%, Словенија 79.8%, Грција 87.1%