податоци на Народната банка на Македонија. Соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании е клучен елемент за зголемување на продуктивноста и пазарната конкуренција, нешто што во голема мерка во Македонија го нема. Споменатата соработка би требало да ја подобри актуелната ситуација, како што е недостигот на работна сила, лошото раководење и недостигот на напредна технологија.
Зорица Апостолска, министерка за привлекување на странски инвестиции истакнува дека Владата е подготвена и заинтересирана да соработува со стопанските комори.
Инаку, напродуктивни земји во Европа се Луксембург, Норвешка и Швајцарија, а во листата се наоѓаат и Грција, Словенија и Хрватска.
Најпродуктивни земји во Европа:
Луксембург 163.2 %
Норвешка 152.5%
Швајцарија 122.5%
Грција 87.1%
Словенија 79.8%
Хрватска 73.1%
Романија 56.3%
На работната средба, претставниците на Сојузот на стопански комори и владиниот ресор за странски инвестиции, го оценија како исклучително важно добивањето покана за членство во НАТО и датумот на отворање на преговори со ЕУ, бидејќи според нив, тоа ќе ја подобри економската стабилност на Македонија.
Извор:Алсат