На официјалната страна на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Влада на Република Македонија -Генерален секретаријат и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања.
Владата планира да потроши 7.900.000 денари на овој оглас. Овој износ претворен во евра изнесува речиси 130 илјади евра.
Ова не е прв пат владата да ангажира голем број на луѓе и тоа да го прави преку Агенција за привремени вработувања.