Актуелно 26.01.2019 14:46

Владата за привремени вработувања ќе потроши 130 илјади евра

Владата за привремени вработувања ќе потроши 130 илјади евра

На официјалната страна на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Влада на Република Македонија -Генерален секретаријат и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања.

Владата планира да потроши 7.900.000 денари на овој оглас. Овој износ претворен во евра изнесува речиси 130 илјади евра.

Ова не е прв пат владата да ангажира голем број на луѓе и тоа да го прави преку Агенција за привремени вработувања.