Владо Јаневски најавува голем концерт кој ќе се одржи на 1. Јуни, на стадионот на АРМ во Скопје.
Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.
Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија .
На концертот кој предвидено е да трае повеќе од 2 часа, Владо Јаневски ќе ги изведе сите негови најпознати хитови кои ја одбележаа неговата две ипол децениска соло кариера. Периодов тој е актуелен со неговиот најнов сингл, насловен “Главен град на тагата”.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок.