Актуелно 19.10.2018 18:57

Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи

Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи

Премиерот Зоран Заев лично е впуштен во операција за притисок врз пратениците да гласаат за Уставни измени, спротивно на нивната волја.

Како што дознаваме, во целата операција во игра се фингирани случаи со казни затвор над 10 години, закани по живот и семејство.

Токму затоа и собраниската седница која требаше да продолжи во 15 часот, до сега се уште не е почната.

Заев очигледно е подготвен да ги користи сите нечесни методи, ветува амнестија поединечна, но и уценува дополнително ако некој не се согласи.

Овие информации ги кажуваат пратениците на своите најблиски, кои се во оправдан страв за личната и семејна безбедност.

Договорот за промена на името беше отфрлен од страна на граѓаните на референдум, и тој по зборовите на опозицијата е правно – политички мртов.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе кажа дека нема да ги поддржи уставните измени, а ист став дојде и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која децидно кажа дека нема да гласа уставни измени.

Курир.мк

Најнови вести