За тоа колку добро се движи македонската економија говори фактот што германските инвеститори со нула ја оценија работата на Владата на СДСМ во економијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата. Тие ги потврдија и криминалните и матни тендери, но и правната несигурност која создава овој криминален картел на власт. Фактите говорат дека откако СДСМ е на власт граѓаните живеат се посиромашно. Младинската невработеност е 47,6%, а повеќе од 500.000 жители живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај. Додека во регионот и Европа економиите забрзано растат, ние имаме срамни 2,05%, што е многу далеку од ветуваните 5 или 7%. Реализацијата на капиталните инвестиции за првите два месеци е мизерни 3,53%, што е показател дека се неспособни да го сработат ни тоа што самите го планираат. Единствено што расте е долгот кој го создаваат со секојдневните задолжувања, па така откако се Заев и СДСМ на власт јавниот долг за прв пат во историјата на Република Македонија надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%. Со СДСМ на власт економијата на Република Македонија само уназадува, а бедата во која живеат граѓаните постојано расте. Македонските граѓани заслужуваат подобар живот, а тоа може да се случи единствено кога СДСМ и Заев ќе си заминат од власт, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.