Економија 29.03.2019 12:32

ВМРО-ДПМНЕ: 200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата

ВМРО-ДПМНЕ: 200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата

За тоа колку добро се движи македонската економија говори фактот што германските инвеститори со нула ја оценија работата на Владата на СДСМ во економијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата. Тие  ги потврдија и криминалните и матни тендери, но  и правната несигурност која создава овој криминален картел на власт. Фактите говорат дека откако СДСМ е на власт граѓаните живеат се посиромашно.  Младинската невработеност е 47,6%, а повеќе од 500.000 жители живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај. Додека во регионот и Европа економиите забрзано растат,  ние имаме  срамни 2,05%, што е многу далеку од ветуваните 5 или 7%. Реализацијата на капиталните инвестиции за првите два месеци е мизерни 3,53%, што е показател дека се неспособни  да го сработат ни тоа што самите го планираат. Единствено што расте е долгот кој го создаваат со секојдневните задолжувања, па така откако се Заев и СДСМ на власт  јавниот долг за прв пат во историјата на Република Македонија  надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%. Со СДСМ на власт економијата на Република Македонија само уназадува, а бедата во која живеат граѓаните постојано расте. Македонските граѓани заслужуваат подобар живот,  а тоа може да се случи единствено кога СДСМ и Заев ќе си заминат од власт, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.