Доколку договорот со Грција беше навистина добар и го гарантираше македонскиот идентитет, Зоран Заев немаше да се двоуми и ќе го ставеше истиот на референдум без дополнителни прашања кои може да ги доведат во заблуда граѓаните, соопштуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека доколку договорот беше историски успех за Македонија, Зоран Заев немаше да има дилеми да ги додава во референдумското прашање и ЕУ и НАТО, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон нашите меѓународни партнери.
-Договорот е штетен! Со него се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура. Затоа Заев измислува трикови како да го измами народот за ги оправда антидржавните политики со кои ја покрива неспособноста и расипништвото. Зоран Заев и владеачкото мнозинство не бираат средства за да го реализираат штетниот и капитулантски договор. Тие сега го уценуваат сопствениот народ и манипулираат со јавноста со двосмислени и тросмислени прашања сакајќи да прикажат дека оној кој што е против штетниот и капитулантски договор е против евроатланската интеграција на Република Македонија. Граѓаните ги поддржуваат европските и западни вредности, но не ги прифаќаат штетните и погрешни политики и договори од криминалниот картел на чело со Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека вистинските европски вредности и принципи се реалните реформи и работата која треба оваа неспособна власт да ја направи на тој пат.
-Тоа впрочем и беше сугерирано од страна на ЕУ во извештаите кои ги презентираше за нашата земја, во кои се нотира неработењето и немањето на капацитет на владата на Заев да направи суштински промени во низа општетсвени области. Токму затоа Заев се обидува погазувајќи Устав, закони, политички принципи да дојде до својата цел, а тоа е да го згази во целост достоинството на Македонија и македонските граѓани. Последен доказ за тоа е срамниот обид да се измени Изборниот законик со мнозинство од 61 пратеник без било каква консултација со експертите и опозицијата. Тоа само говори за апсолутистичкото лице на Заев кој со години вешто и лицемерно го криеше од граѓаните. Никој не може да го заобиколува демократскиот принцип базиран на правниот поредок на една земја, но и принципите кои се изградени низ годините, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од партијата, принципиелно стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен.
-Картелот на власт не може и не смее да биде пречка за демократијата во Македонија и јасното изразување на волјата на граѓаните. Секој нивен ваков апсолутистички потег само ќе го забрза нивното паѓање од власт и враќање на демократијата во земјата каде што интересот и волјата на граѓаните ќе бидат врвен приоритет. Македонија ќе победи, се наведува во