Актуелно 23.02.2019 13:13

ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува

ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува

Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува. Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

-Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени. За ова ќе бидат казнети на избори  и со тоа ќе почне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ