Актуелно 08.11.2018 12:45

ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста на СДСМ е се поочигледна, од кога се на власт немаат ниту еден проект започнат

ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста на СДСМ е се поочигледна, од кога се на власт немаат ниту еден проект започнат

Новиот водоснабдителен систем е проект со кој СДСМ се фали е уште еден доказ дека само ги довршуваат и спроведуваат проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Имено овој проект е започнат на 15.02.2017 од страна на градоначалникот г. Иван Франгов финансиран со средства обезбедени од Светската банка и Европската унија во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Од партијата велат дека безидејноста на СДСМ е се поочигледна, од кога се на власт немаат ниту еден проект започнат.

-Од ветувањата на СДСМ за 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1.000 километри регионални патишта се уште нема. Ова е најнеспособната влада во историјата  на Македонија. Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.