Актуелно 20.12.2018 10:25

ВМРО-ДПМНЕ: Црнила на демографски план, црн воздух, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Црнила на демографски план, црн воздух, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ

Република Македонија тоне во црнила. Црнила на демографски план, црн воздух, зацрнето стопанство, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Државата како никогаш досега се празни. СДСМ ветуваше враќање на иселените, за две години откако го дадоа ова ветување да гледаме како иселувањето е неколкукратно зголемено. Граѓаните сведочат за испразнети села и градови, цели маала со затворени дворови чии сопственици се трајно иселени. Власта не нуди услови за живот. Ниту елементарните услови како чист воздух и животна средина не се исполнети, ветуваа почист воздух веднаш, а две години потоа граѓаните ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми предизвикани од загадувањето кое е неколкукратно над дозволеното. Скопје веќе два месеци е најзагаден град во Европа, а помеѓу десетте најзагадени во светот, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека граѓаните се трујат, Шилегов игра игри на телефон, а Макрадули спие во Собрание.

-Спијат функционерите и со прст не мрдаат ниту за стопанството, бизнисите на граѓаните тонат, а на функционерите на власта добиваат милионски тендери од буџетските корисници. Додека економијата тоне, платите стагнираат, трошоците за живот растат. Услугите кои државата треба да ги гарантира преку системите на јавно здравство и образование се се послаби. Република Македонија е зацрнета и тоа го чувствува секој еден граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка, политичка или било каква друга припадност. Ветуваа живот за сите, донесоа црнила за сите. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат нашата држава и понатаму да тоне да ни се придружат на протестниот марш денес, од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.