Неспособната власт повторно ја гледаме на дело. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари е нешто над 1%. Од годишно планираните 420 милиони евра, власта вложила само 4.5 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Бројките сигнализираат дека власта и оваа како и претходната година нема да успее да ги реализира планираните капитални инвестиции. Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции, значи помалку инфраструктурни проекти, помалку автопати, патишта, водоводни и канализациони мрежи. Помалку капитални инвестиции значи помал развој на економијата. Две години откако СДСМ е на власт, а ниту еден капитален проект не е реализиран. Ништо од 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. СДСМ потфрли на инфраструктурен план. СДСМ не направи ништо за развој на државата. Две години само тонеме како држава, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта само расипнички се задолжува, а ништо од тоа не оди кај граѓаните.
-СДСМ го зголеми јавниот долг над 5 милијарди евра, со што за првпат е надмината границата од 50%. СДСМ сериозно ја загрозува солвентноста на државата на среден рок, многу задолжување, а ниту еден проект. Деспотот Заев наместо на развој на државата работи за теснопартиските интереси на врхушката на власта. Деспотот Заев ја тоне Република Македонија. Деспотот Заев и СДСМ мора да бидат поразени, за државата да тргне напред, порачуваат од партијата.