ВМРО ДПМНЕ обвинува дека државниот долг континуирано расте и дека тоа владата го крие. Според експертите овој знак е неповолен.
ВМРО ДПМНЕ изјави:
„Картелот кој ја води државата, наречен СДСМ, неосновано и во континуитет ги задолжува граѓаните. Државниот долг надмина 4 милијарди евра, а картелот тоа го крие од јавноста.
Картелот вчера го зголеми нето долгот на државата за нови 20 милиони евра. За 20 милиони евра само за еден ден се зголеми долгот кој ќе го враќаат идните генерации. За еден ден секое македонско семејство е задолжено за нови 40 евра.
Со ова задолжување државниот долг веќе надмина 4 милијарди евра и изнесува 4 милијарди и 40 милиони евра. Јавниот долг со голема брзина оди кон бројката 5 милијарди, и сега изнесува 4 милијарди и 806 милиони евра. Картелот на власт веќе извесен период ја крие реалната висина на долгот, со цел граѓаните да не дознаат дека државниот долг е 4 милијарди евра, а јавниот долг дека се повеќе се приближува до бројката од 5 милијарди.
Картелот манипулираше со висината на БДП и така прикриваше 62.4 милиони евра од државниот долг, а 85.5 милиони евра од јавниот долг на државата.“
Опозициската ВМРО ДПМНЕ праша кај кого завршуваат парите кога нема а ниту една инвестиција или капитален проект, повисоки пeнзии и слично.
Тие исто така кажаа дека државата стагнира додека давачките растат и дека македонската економија е на дното.