Актуелно 12.11.2018 19:29

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено нешто за што постои судската зграда е да ги брани криминогениот Зоран Заев и неговата банда додека ја разнебитуваат државата

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено нешто за што постои судската зграда е да ги брани криминогениот Зоран Заев и неговата банда додека ја разнебитуваат државата

Во Република Македонија не постои судство ниту правен систем , постои Кацарска џубокс за исполнување на нарачаните желби и пресуди на единствениот во Европа криминоген, однароден, аболициран, помилуван, премиер Зоран Заев за организиран политички прогон. Единствено нешто за што постои судската зграда е да ги брани криминогениот Зоран Заев и неговата банда додека ја разнебитуваат државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Од партијата додаваат дека „кацарска судството“ има за цел да спроведе селективна правда, да изрекува политички пресуди, и да ги држи Заев и бандата над законите и правдата.

Антизападно е раководењето на државата со криминал, корупција и партизација и сето тоа да се прикрива со политички прогон. За македонското несудство, повеќе не важи максимата „Правдата е слепа“, туку во македонските судници под симболот на тасот, слободно се чита „ Апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“. Нема аргументи, нема факти, нема докази- има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Kацарска судството за што подлабоко задоволување. Во налетот на осветољубивост и желба за изедначување, залудни се обидите на ова џубокс, Кацарска судство и СДСМ, било кого од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначат во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.