Актуелно 17.09.2018 21:58

„ВМРО-ДПМНЕ имаше луѓе на високи позиции во владата, кои доаѓаа од УСАИД, Светска банка, нелогично е да се тврди дека е проруска партија“

„ВМРО-ДПМНЕ имаше луѓе на високи позиции во владата, кои доаѓаа од УСАИД, Светска банка, нелогично е да се тврди дека е проруска партија“

ВМРО-ДПМНЕ секогаш имал прозападна ориентација. Да се префрла целата одговорност на ВМРО и да се говори дека е проруска партија создава контраефект кај граѓаните, кажа аналитичарот Владимир Божиновски гостувајќи во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма.

Божиновски посочи дека влијанието на Русија во Македонија генерално е непостоечко или го нема.

Смешно е да се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема прозападна ориентација.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше луѓе на челни позиции кои доаѓаа од УСАИД, Светска банка, имаше докторанд од Германија, нелогично е да тврдите дека е проруска партија, рече аналитичарот Сашо Клековски гостувајќи на истата емисија на телевизија Телма