ВМРО-ДПМНЕ од среда излегува на антивладини протести. На точно една година од како што велат најцрниот конструитан процес во кој пратеници, уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа за измислен тероризам, опозицијата застанува на патот на антинародната власт.
Од партијата велат дека од доаѓањето на новата власт државата само тоне, а граѓаните се обвиткани во црна сиромаштија.
„Ова е црно време за македонската економија, во кое образованието е девастирано, земјоделието тоне, здравството е во хаос и буквално секој сегмет на општеството е завиен во црнило.“
ИК на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека истата само тоне во сиромаштија, криминал и корупција, информираат од партијата.
Во последните година ипол стапката на сиромаштија во државата драстично порасна. Секој петти Македонец едвај врзува крај со крај. Стапката на сиромаштија има тенденција на зголемување.
Според официјалната државна статистика во 2017-та 460 илјади луѓе или 22.2% од населението било сиромашно што е за 0.3 проценти поени повеќе од 2016-та и за 0.7 повеќе од 2015-та.
Сепак, според официјалните податоци дури и дел оние кои имаат работа се сиромашни или поточно – 9.0% од вработените, 38.7% од невработените и 7.7% од пензионерите живеат во сиромаштија.
Истовремено растат и даноците. Владата со воведување на прогресивниот данок е на пат да ја врати македонската еконoмија години наназад. Владата предводена од СДСМ го укинува концептот на едноставем рамен данок кој во изминативе 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места, кој се применува во 20 – тина земји од Европа.
Дополнително со новите даноци власта планира во буџетот да инкасира 118 милиони евра, пари од граѓаните и стопанството.
Воедно продолжува и политичкиот прогон врз функционерите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Покрај судскиот прогон, челниците на партијата се сомневаат дека се и предмет на други видови на прогон.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју дадено за „Република“ вели дека се сомнева дека е следен од безбедносните служби.
-Имам отворен сомнеж дека ја следат цела опозиција, затоа е и отворениот сомнеж дека ме следат мене, моите соработници, но и тоа нема да им помогне. На Александар Николоски му објавуваат фотографии од средби на улица. И што мислите не го следеле Груевски и не,знаеле дека заминува?! Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат. Најмалку што треба да направи Спасовски е да си поднесе оставка веднаш. Човекот ја девалвира одговорната позиција со која не може да се носи. И не само тоа, што стана со реформите во полицијата, со реформите од Прибе, што стана со професионализацијата на полицијата. Ништо! Нема ниту една акција против организиран криминал, нема откриен шверц, казнет криминал. Цел апарат впрегнале за пресметка со опозицијата, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.