Република Македонија е единствена држава во демократска Европа која што во своите затвори има политички затвореници, луѓе жртви на прогонот на Зоран Заев. Единствена грешка на овие луѓе е што меѓу првите го крена гласот против катастрофалните политики на Зоран Заев и СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-На аболицираниот Заев не му беше доволно да ги притвора овие луѓе и да нарачува пресуди против нив, па сега се посегнува и по нивните животи. Не стивнуваат јавните закани упатени кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кумановската група, луѓе на кои Заев им ветуваше амнестија и некаква си меѓународна истрага за настаните во кои десетици полициски службеници беа ликвидирани или тешко повредени, се порачува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат: Со оглед на фактот што институциите воопшто не реагираат на ваквите закани, се отвора сомнеж дека можеби имаат некаква поддршка од структурите на власта.
-Аболицираниот Заев и неговиот криминален картел се во паника, бидејќи нивниот рејтинг е во слободен пад и знаат дека масовно ја губат поддршката на граѓаните. Од своите неуспеси и глупости, криминалната и одродена власт ја дефокусира јавноста со политички прогон и тортура на неистомислениците. Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ ќе си замине. Правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе замине во својата политичка пензија. Овој политички прогон мора да заврши, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.