Криминалниот картел на чело со Зоран Заев и Драган Тевдовски безмилосно продолжуваат да ја задолжуваат државата. Нема недела да не помине, а да нема ново задолжување. Министерството за финансии за 30 октомври има закажано аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3,55 милијарди денари односно околу 58 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Каде и за што се планирани овие задолжување но и претходните што ги направија никој не знае. Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува брутално да се задолжува на домашниот пазар. СДСМ нема ниту еден проект реализирано ниту пак нешто ново почнато. Реализацијата на капиталните инвестиции во последните девет месеци е на рекордно ниско ниво од 24% што претставува историски најлошо ниво од постоењето на Република Македонија, додека БДП ни е најниско на ниво на Европа. Ниту едно ветување на Заев или на Владата не почна да се остварува. Нема ниту 1 километар од ветените 600 километри нови автопати, нема 100 илјади денари плата за лекарите, нема нови училишта, нови болници, нови градинки, студентски домови, спортски сали, нема пари за земјоделците. Нема апсолутно ништо. Катастрофа на секој чекор, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека истовремено со задолжувањето расте и јавниот долг.
-Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Економијата на Република Македонија доживува цунами од невидени размери. Единствено што функционира се новите задолжувања. СДСМ дури ни БДП-то што самите го проектираа нема да можат да го остварат. Ако се земе предвид дека нема да се постигне проектираниот раст на БДП од 3.2% за оваа година, големината на овие задолжувања ќе бидат уште поголеми до крајот на 2018 година. Граѓаните со ова власт немаат никаква иднина. Овие луѓе се крајно неспособни, безидејни, неработливи и невидени криминалци. Наместо парите на граѓаните да ги користат во проекти за кои сите ќе имаат бенефит тие се користат за доделување на тендери во 4 очи, за матни зделки и финансирање на бизниси на партиски блиски фирми. Граѓаните ќе ја памтат оваа неодговорност на министерот за задолжување Тевдовски и Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.