Актуелно 25.11.2018 18:44

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија пропаѓа во црнило со СДСМ на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија пропаѓа во црнило со СДСМ на власт

Република Македонија  пропаѓа во црнило со СДСМ на власт. Економијата тоне, скоро две години нема скоро никаков раст, а граѓаните се се посиромашни. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај. Буџетот за 2019 е мегаломански и не гарантира раст. Црната власт скрои буџет кој е 700 милиони поголем од последниот буџет на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од овој буџет нема за граѓаните има за елитите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ многу вети, а ништо не исполни.

„Нема 500 евра просечна плата. Нема 100.000 денари плата за лекарите. Нема 600 километри автопати и 550 километри магистрални патишта. СДСМ ја зави државата во целосно црнило. Власта го  зацрни образованието, земјоделието, здравството и буквално секој сектор во државата. Безбедноста со СДСМ на власт е нарушена. Откако Оливер Спасовски ја води МВР, а Зоран Заев е премиер има 9 нерасчистени убиства, многу грабежи, запалени автомобили и нерасчистени случаи на голем криминал. Граѓаните се соочуваат со политички прогон.“

-Ништо од тоа што го вети Зоран Заев не го реализира. Граѓаните живеат црн живот и ова е  најцрниот период за Република Македонија. СДСМ мора да си замине. Заради овие и сите други пропусти и негативни политики на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата. Да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ и да ги ослободиме граѓаните од оваа криминална влада. СДСМ мора да падне, а ние сите заедно мора да истраеме во борбата против ова црнило. Македонија мора да тргне напред!, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМН