Актуелно 28.11.2018 19:51

ВМРО-ДПМНЕ најави протести секоја среда пред Влада, секој викенд низ градовите

ВМРО-ДПМНЕ најави протести секоја среда пред Влада, секој викенд низ градовите

Со извици „Оставка“ и „Избори“ пред Владата на Република Македонија започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

На неколкуте илјади граѓани,  кои се одзвале на повикот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги нарече насобраните најхрабри, а нагласи дека протестот се одржува без организација со автобуси.

-Ви благодарам што се одзвавте на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, вам, на најхрабрите, сите вие кои ги трпите притисоците на оваа криминална влада. Знам дека сте со нас и дека го поддржувате секој наш чекор, секоја наша политика за да го спасиме она што остана од оваа земја. Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред Владата. Нашиот ревот е демократски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Излеговме и за националното понижување, но и за економските планови, зашто Македонија е се посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа империјална власт, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека пред две години Заев ветуваше дека ќе ја тргне оградата од Владата, но таа се уште е тука.

-Се плашите ли од народот?, праша Мицкоски.

ФОТО: РЕПУБЛИКА