Актуелно 17.08.2018 10:40

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски треба да одговара зошто дозволил лице кое е привремено вработено да уништи службено возило надвор од работното време

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски треба да одговара зошто дозволил лице кое е привремено вработено да уништи службено возило надвор од работното време

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека продолжува низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт.

-После скандалот со злоупотребата на службеното возило на министерство за внатрешни работи од страна на ќерката на Директорот на БЈБ, Лазе Велковски за патување на одмор во Грција, и после користењето за приватни цели во Охрид на службеното возило од страна на шефот на единицата Алфи, Примислав Димовски, вчера македонската јавност беше сведок и на уште една злоупотреба на службени возила.          Имено се работи за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, поточно на 9.07.2018 управувано од лицето Н.Б. од Виница направило сообраќајна незгода и целосно го уништил возилото, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека министерот Николовски треба да и одговори на јавноста на неколку прашања.

-Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од министерството? Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништил? Кој дозволил ова лице да управува службено возило? Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време? Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено? Зошто министерството и МВР молчеле цел еден месец? Збеснатоста на владата ја плаќаат граѓаните. Министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај. Ова криминално лудило на оваа власт мора да престане, нагласуваат од опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ овој скандал како и сите претходни за злоупотреба на службени возила на штета на граѓаните не смеат да помина неказнето. Сите прекршувања на законот, сите злоуптреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Оваа криминална влада мора да замине.