ВМРО-ДПМНЕ отвори јавен повик за кандидирање на претседател на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода и Росоман.
Тие во повикот наведуваат дека кандидатите треба да достават биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложат мотивите за кандидирање.
Тие додаваат дека кандидатите треба да се членови на партијата.