Партијата која што ја води аболицираниот криминалец Зоран Заев влезе во матрицата на својот лидер, да лаже, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Соопштенијата им се одраз на нивната немоќ, комплексираност и нервоза. Граѓаните им го видоа капацитетот и изопаченоста. Што фатија, тоа исушија. Што не можеа да искрадат, тоа евтино го продадоа. Оваа 2018-та година, која ја оставаме зад себе, е година на црнила кои токму криминалниот картел на власт им ги донесе на граѓаните. Цела година неуспеси, капитулации, газења на достоинство, раст на корупција, криминални тендери, лично богатење на функционерите на СДСМ и уништувања во сите сегменти. Освен функционерите на СДСМ, никој во државата не виде ништо убаво и среќно на политички, економски и општествен план. Тоа само покажува колку се однародени и одлепени од реалноста. Среќна ќе биде идната 2019-та година само ако оваа гарнитура на власт предводена од аболицираниот криминалец си замине на политичкото буниште, бидејќи веќе труе од неспособност и криминогеност. Само тоа ќе донесе просперитет за државата и благосостојба на сите граѓани, вклучително и на членовите на СДСМ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.