Актуелно 21.02.2019 14:41

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат само за роднините на функционерите од власта

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат само за роднините на функционерите од власта

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини, на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Костадин Костадинов и додаваат:

„Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат. Трошоците за живот од месец во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.“

-Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%. Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Зоран Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.