Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очајни се овие прес конференции кои што ги прави Костадин Костадинов и на власта во кои признаваат дека се трговија со правото и правдата во замена за прифаќање на капитулацијата.
-Единствена амнестија која што е на маса, покрај амнестиите за Заев, од Зоран Заев до Боро Малборо, се амнестиите кои што СДСМ преку насилната промена на Устав ги пакува за себе заради капитулацијата и секојдневните низа на криминални делувања. Газењето врз демократијата, газењето врз Референдумот и насилството врз пратениците од опозицијата нема да помине. Власта е на колена и ова се очајни чекори кои ги прави за да се избега од словото на законот. Националните и државните интереси, демократијата не смее да бидат жртви и заложник на бандитизмот, на криминалот на хунтата на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој порача дека ниту еден премиер, ниту политичар не е над народот и над неговата волја изразена на референдумот кој што помина на 30 септември.