Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани.
Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони.
СДСМ уште еднаш ја силува демократијата и го руши правниот поредок во Република Македонија.
Веднаш по промената на името, Владата на СДСМ на незаконски и насилен начин ја прави Република Македонија двојазична држава.
Ова е само уште еден груб и провиден обид на Власта на СДСМ преку носење несуштински работи за Албанците, да им се додвори на целиот албански електорат во пресрет на Претседателските избори и да ги изманипулира албанските гласови.
Доколку се искрени во намерите, наместо со носење несуштински работи, треба да се потрудат преку економски политики да ги реалзираат ветувањата кои ги дадоа пред изборите за подобар живот и навистина да им го подобрат животот на Албанците во Република Македонија преку отворање нови работни места и се она што ветија.
Но, бидејќи ова им е само обид за додворување на Албанците пред изборите преку правење на кривично дело, еден ден кога ќе паднат од власта ќе сносат одговорност пред лицето на правдата и ќе се соочат со предвидените казни кои следуваат за ова дело.