Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта допре дното. Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не помина еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека власта врши тортура и свесен линч и доказот за тоа го видовме вчера. Тепани и линчувани луѓе во притвор, како да се наоѓаме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа. Миле и Спиро, како и сите граѓани кои се влечат по затвори врз основа на рекла казала моабети и заради спротивни политички гледишта од тињ на власта се жртви на политчки прогон. Зоран Заев, Рената Дескоска и директорите на Управата за извршување на санкции и притворскиот затвор ,,Шуто оризари” треба да понесат одговорност веднаш. Недозволиво е притворени лица да бидат изложени на физичко линчување, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека одговорност мора да има.
-Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на Заев. Закрвувањето на општеството нема да му успее. Зоран Заев и луѓето околу него кои учествуваат во овој прогон ќе одговараат кога ќе се врати правната држава, стои во партиското соопштение.