Македонското општество е во заложништво на аболицираниот Зоран Заев. Република Македонија две години е завиена во црнила кои ги донесе однародената и криминална власт на СДСМ. Македонија во моментов ги живее најмрачните денови во својата историја од осамостојувањето до денес, време кога власта на СДСМ се обидува да спроведе едноумие и да не врати во еднопартискиот систем од минатото, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Демократијата во држава две години е укината, а сите оние кои не се согласуваат со катастрофалните политики на власта се жртви на политички прогон, повикувања на информативни разговори, се соочуваат со притисоци и бркање од работа и политички монтирани случаи против нив. Заев се однесува како африкански монарх, кој сака да владее со новоформирана држава, спротивно на волјата на народот. Тој бега од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ знаејќи дека аргументите не се на негова страна, бидејќи Заев ги донесе црнилата кои надвиснаа над Македонија од моментот кога седна во премиерската фотелја. Две години власт на СДСМ, две години неправди и национално омаловажување за македонските граѓани. Народот се соочува со економска деградација и осиромашување, бидејќи опстојувањето на власт на хунтата предводена од аболицираниот политичар Зоран Заев и нивото лично богатење е единствениот приоритет, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека власта не носи нови инвестиции, не отвора нови работни места. Капиталните инвестиции се на историски најниско ниво, а македонската економија е пред целосен колапс. Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта е фокусирана единствено на полнење на буџетот преку повисоки даноци, буџет кој понатаму се испумпува преку криминални тендери и грантови кои завршуваат во џебовите на високи партиски и државни функционери на СДСМ.
-Се ближи крајот на црнилата кои ги донесе власта на СДСМ. Зората е пред прагот, зората која ќе ја победи темнината. Зората се мнозинството на граѓани кои се спремни да се борат со оваа криминална власт. Зората ќе ја донесат граѓаните на следните претседателски избори, кога овие црнила ќе