Актуелно 18.02.2019 08:34

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Заев, кој ќе ја распродава и оцрнува државата кај ќе стигне

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Заев, кој ќе ја распродава и оцрнува државата кај ќе стигне

СДСМ ја влече државата кон дното. Кој кандидат и да го избере оваа партија, тој ќе биде продолжение на криминогената матрица на Зоран Заев. Република Македонија нема потреба од нов Заев, кој ќе ја распродава и оцрнува државата кај ќе стигне, туку од интелектуалец и патриот, кој се води од државните интереси и цврсто верува во принципот на владеење на правото, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ бара лице кое ќе биде слеп послушник на Заев и картелот околу него, човек кој го поддржува криминалот и непотизмот, кои станаа заштитем знак на оваа власт.

Република Македонија нема потреба од нов Заев, државата има нужна потреба од честит човек, со интегритет и капацитет да ја претставува државата, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.