Актуелно 20.01.2025 10:11

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче уште го штитат Груби, наместо државните интереси приоритет им беше да останат подолго на власт за заеднички со ДУИ и Груби да крадат

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче уште го штитат Груби, наместо државните интереси приоритет им беше да останат подолго на власт за заеднички со ДУИ и Груби да крадат

СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
  • Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани. На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде. СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес. СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче. Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност, додаваат од владејачката партија.