Актуелно 21.02.2025 12:25

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90-тите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90-тите

Со зачуденост, но и со доза на загриженост, ја следиме вчудоневидувачката трансформација на СДС во анти-трампистички лидер во регионот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно, за СДС не е никаков проблем нивниот близок пријател и коментатор, Сашо Орданоски, јавно да го навредува актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „лажго, неонацист и необразован политичар“.
И што прави СДС по ова? Громогласно молчи!, потенцираат во соопштението.

„Се прашуваме,
Дали ова значи нивно отстапување од државниот курс утврден уште во 90-тите години?
Дали можеби Левица го одигра своето влијание врз раководството на СДС и нивните сателити?
Или пак, ова е резултат на мрачните структури поврзани со тајните служби од регионот кои работат Македонија да скршне од својот евроатлантски пат?, нотираа во соопштението.

Од партијата прашуваат: Што е следно? Венко и Фани да играат на „Расцветјали јаблани и круши“, додека Фрчкоски и Чупеска во прв ред аплаудираат?
Вратете се на курсот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.