Некатегоризирано 18.09.2018 12:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја намали акцизата за горива што ја покачи, грабежот не смее да продолжи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја намали акцизата за горива што ја покачи, грабежот не смее да продолжи

СДСМ мора да ја намали акцизата на горивата која што ја покачија. Наместо да ги ограбуваат граѓаните, треба да водат сметка дека заради нивното богатење народот е доведен на питачки стап, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Горивата од денес повторно поскапуваат. Откако СДСМ е на  власт  цената на горивата константно расте, а во исто време целата економија стагнира. Условите за бизнис се полоши од кога било. Иселувањето наместо да се намали се зголеми. Стандардот на граѓаните од ден во ден е се помизерен. Додека трошоците за живот растат, граѓаните се посиромашни. Компаниите немаат услови за водење на бизнис. Функционираат само новоформирани фирми, основани од партиски функционери или нивни блиски роднини со цел добивање на милионски тендери. Влегувањето на кланот Заеви во бизнисот со марихуана и преземањето на „Герас Цунев“, милионските набавки од РЕК Битола за ископ и транспорт на јаглен, милионската набавка на возила за МВР преку партиски донатор на СДСМ, 35 милионскиот тендер во здравството, 10 милионските грантови од фондот за иновации, 200 илјадната набавка од ЈСП, лиценците со испитните центри за полагање на возачки испити и уште многу други  криминални набавки и сомнежи за корупција се фактот кој Заев и криминалниот картел на СДСМ сакаат да го затскријат зад димната завеса – референдум, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека референдумот се користи за затскривање на општиот грабеж и распродавањето на националните интереси. Заев зборува за се само не за криминалот кој го прави тој и власта која ја води и за суштинските работи со кои Република Македонија е оштетена страна со договорот.

-Заев не зборува за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата  и традицијата. Заев нема аргументи како да ја одбрани распродажбата и затоа и бега од дебата. Граѓаните се револтирани од криминогениот однос на Заев и нема да дозволат државата да страда заради нечија желба за личен интерес. Заев и СДСМ мора да си заминат. Граѓаните мора сами да одлучат како ќе постапат во однос на референдумот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ