СДСМ и Заев ја зацрнија судбината на граѓаните. Владата на СДСМ и Заев ја доведоа економијата во Република Македонија пред целосен колапс.
Додека Република Македонија економски тоне и граѓаните се повеќе се соочуваат со немаштија, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со лажни соопштенија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ од каде додаваат:
„Економијата стагнира, цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. За прв пат државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%. Со СДСМ на власт, трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% .“
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова покажува дека СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат кај криминалниот картел на власт.
„СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Криминалот, корупцијата, насилството, сиромаштијата и бедата се вистинската слика која што ја донесе СДСМ и Зоран Заев. Токму затоа време е СДСМ и Заев да ги извадат розевите очила и да ја видат правата слика. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат достоинство, повисок стандард и просперитетна иднина, а не црнила. Граѓаните заслужуваат подобро, а тоа е можно само доколку СДСМ и Заев заминат час поскоро.“, дополнуваат од партијата.